Оваа година по втор пат Мартина Митревска настапи на Макфест и задоволна е што испеала прекрасна песна што мистериозно, а сепак, со доза на сетност, разкажува среќна љубовна приказна – тоа е песната “Мое мило”.
Музиката и текстот ги напиша Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Кристијан Габроски.
– Пред неколку дена, објавен е спотот, а на него работевме заедно со момците од Pyramid Production. Локацијата е во с. Куклица, близу Кратово, кај “скаменетите свадбари”, што се вистинско ремек-дело на природата, изјави Мартина, па додаде:
“Презадоволна сум што се излезе повеќе од тоа што очекував, а Pyramid Production се покажаа како прекрасни луѓе и професионални соработници, исто како Самарџиев и Габроски, а и останатиот дел од тимот што стои позади овој проект”.
Во продолжение можете да го погледнете спотот: