ВНИМАНИЕ! НОВ ВИРУС СЕ ШИРИ ПО ФЕЈСБУК ! Пораката изгледа како да е од пријател, а еве што бараат од вас!

889

Некои корисници на Фејсбук пријавиле дека добиле одредена порака, која на прв поглед изгледа дека е од пријател, а всушност е вирус.

Иако социјалните мрежи треба да бидат место за размена на информации и комуникација со познаници и пријатели, поединци ги користат со цел да добијат некаква лична корист на нелегален начин.

Затоа, одвреме-навреме се појавуваат некои вируси кои најчесто имаат улога да ги собираат вашите лични податоци, а на крај и од финансиска природа.

Важно е да ги препознавате таквите вируси и да не кликате на пораки со сомнителна содржина, дури и ако тие доаѓаат од ваши блиски луѓе.

Некои корисници на социјалната мрежа Фејсбук објавија дека кружи нова порака, која всушност е вирус и дека треба да внимавате:

– Душо, имам едно мало барање. Учествувам во наградно извлекување на платформата Фејсбук lazz.za за златен фустан на Диор. Па, ако можеш да ми го сликаш тој промо код, кога ќе го добиеш во СМС порака и прати го овде. Многу ми значи, а ништо не ве чини – гласи пораката која ја добила една девојка.

Како што објасни таа, таа порака воопшто не ја испратила, туку истата порака ја добила од пријател на Фејсбук, па очигледниот заклучок е дека се работи за вирус и измама и дека не треба да кликате на линкот од пораката.

Дали сте добиле вакво нешто?