Вљубувањето е хормонален коктел кој личи на дрога

173

Констатацијата дека љубовта е “дрога“ не е само зачинета фраза, откриле научниците.

Тие докажаа дека во крвотокот на човекот се буди толку големо количество невромедиатори што вљубената состојба може да се спореди токму со наркотично дејство. Сите се прашуваме што точно се случува во черепната кутија на безумно вљубен човек.

Кои процеси предизвикуваат мечтателни изрази на лицето, лутањето на насмевка или вртоглавата желба да си блиску до даден човек, иако наоколу е полно со други луѓе. Еве како научниците ја објаснуваат наркотичната акција на вљубеноста.

Ако почувствувате дека во стомакот ви се стегнал желудникот, знајте дека во телото ви е исфрлен хормонот дофамин. Потоа на сцената излегува протеиниот невротрофин чија обврска е да предизвикува кај вас трајна приврзаност кон вашиот омилен / сакан. Оваа приврзаност се изразува во потребата даги гледате вашите омилени карактеристики, да го слушате омилениот глас, да зборувате за нето / неа и слично. Не можете ниту да спиете, ниту да јадете и сте обземени од една единствена идеја – да сте поблиску до својот “предмет”.

Впрочем симптомите се познати на сите. Потоа настапува намалување во организмот на серотонин, кој е одговорен за контролата на нашите желби. Целиот овој хормонален коктел не дозволува на паровите да се разделат и предизвикува физички страдања од разделбата, кои потсетуваат на влијанието на дрогата. Еве како во организмот на вљубените настануваат слични процеси како во организмот на зависниците. Има, меѓутоа, и сериозна разлика. Вљубеноста сепак е корисна. Љубовта ги зголемува когнитивните и моторните способности на човекот.