Витаминот Д и Омега-3 киселини во борабата против коронавирусот

2638

Редовното внесување на витамини Д и Омега-3 киселини го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе до тој степен што може да им помогне да избегнат да се заразат со коронавирусот, покажа неодамнешна студија.

Двата додатоци се важни за добро здравје и може да се најдат во рибиното масло. Една студија, направена врз повеќе од 2.000 пензионери, покажува дека земањето на овие додатоци значително го намалува ризикот од инфекција со коронавирус, а доколку се појави болестa, тие имаат многу поголеми шанси за закрепнување, пренесува Дејли меил.

Prof. Dr. med. Heike A. Bischoff-Ferrari, DrPH
University Hospital Zurich, Clinic for Geriatrics

Професорката Хајке Бишоф-Ферари од Универзитетот во Цирих во Швајцарија, која ја водеше студијата, изјави дека земањето на овие додатоци е од големо значење за постарите луѓе.

“Нашите истражувања покажуваат дека витаминот Д и Омега-3 киселини кај постари лица над 70 години, кои водат активен животен стил и немаат истовремени болести, немаат прекумерни придобивки кога станува збор за коските, меморијата и моторните функции. Сепак, веруваме дека има ефект врз инфекциите, како што е Ковид-19“, изјави таа.

Прегледани се 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години и утврдено е дека 11 проценти од нив имаат поголема отпорност на инфекции.