Студиите се во тек
Тој дава еден пример – замислете група од осумдесетгодишници кои се здрави како дрен и сè уште играат спорт, и група на нивни врсници кои се во старечки дом. Во овие две групи, нивото на витамин Д би било драстично различно, како и животниот век. „Но, би било премногу лесно да се објасни разликата само со нивото на витамин Д“, вели Фаснахт.
„Нивото на витамин Д е удобен показател ако некој е болен. Но, тоа не е ништо повеќе од тоа “, тврди ендокринологот.
Додека анализата на универзитетот во Хохенхајм вели дека, кај луѓето заразени со корона, вреди да се провери нивото на витамин Д веднаш и да се подигне ако е премногу ниско, Фаснах не верува дека ќе донесе нешто.
Тој потсетува дека сите претходни клинички обиди за промена на текот на некоја болест со додавање на витамин Д не успеале.
Фаснахт, од друга страна, вели дека вреди да се обидетее, затоа што никогаш не знаете. „Не сакам да ја отфрлам можноста одредени подгрупи на пациенти да имаат корист од препишување на витамин Д“.
Бројни студии за овој феномен се во тек, а наскоро треба да пристигнат и солидни научни сознанија.



















