
11. Вие сте виновни. Можеби не за сè, но за поголемиот дел од работите да. Можеби е непријатно да го прифатите ова, но тоа е прв чекор кон сфаќањето дека можете да контролирате барем дел од животот и да го направите подобар.
12. „Ми се допаѓаш само како пријател.“
13. Повеќето работи во животот не можат да бидат решени со едноставни решенија. Многу често и двете страни грешат, или пак и двете страни се во право.
14. Шеќерот е дрога.
15. Некои луѓе навистина немаат предност поради нивното потекло. Ако пораснете во лошо соседство без пари и го прескокнувате училиштето поради семејни проблеми, без разлика колку се обидувате, секогаш ќе бидете малку поназад од останатите. Многу е полесно да успеете ако доаѓате од добро и безбедно семејство, со добро училиште и доволно пари за најосновните работи.
16. Во главно, луѓето сакаат да напредувате и да бидете успешни, но не повеќе од нив.
17. Вашиот измет се разнесува насекаде во просторијата кога пуштате вода без да го спуштите капакот на тоалетната школка.
18. Секој си ги чепка носот, дури и личноста што ви се допаѓа.
19. Во некој момент од животот, вашите родители сигурно посакале да немале деца.
20. Во 21-от век, повеќе луѓе ќе умрат од прејадување наместо од глад.
21. Пушачите го чинат здравствениот систем помалку пари бидејќи умираат помлади.
22. Личноста што има најголеми шанси да ве убие сте самите вие.
23. Имате 4 пати поголеми шанси да се удавите во кадата отколку да бидете убиени од терорист.
24. Поради популарноста на онлајн запознавањето, голем број луѓе прв пат го виделе својот сопружник додека биле во тоалет.
25. Нашите електронски направи, облека и храна во најголем дел се резултат на човечки робови, многу ниски плати и ужасни услови за работа.


















