Среќниот брак не зависи само од редовни вежби во креветот со партнерот или од хармонијата на карактерите. Излегува дека е важна и разликата во растот на двојката, открија јужнокорејски научници, цитирани од “Дејли мирор”.
Заборавете за заедничките хобиа и за брилијантниот хумор на младоженецот. За долготраен и среќен брак многу е важен растот на мажот.
Изборот на многу снажен партнер ќе ѝ гарантира на невестата најмалку две децении среќно семејство. Колку е поголема разликата во растот на партнерите – толку позадоволни се тие од бракот.
За жал, сепак разликата во растот влијае на бракот “само” 18 години. Потоа почнува постепено да испарува. Досега се знаеше дека жените преферираат високи мажи поради еволутивни причини.
“На дамите едноставно им се допаѓаат високите мажи. Но, за тоа претпочитање нема објаснување. Истото е и ситуацијата со високите мажи кои го имаат подобрено репродуктивното здравје на жените низ вековите. Поснажните мажи се сметаат за силни физички и дамите се задоволни кога ќе се поклопи со се друго што им се допаѓа. Но како и со повеќето играчки, жените се наситуваат на снажнитеи освојувања точно по 18 години “, велат научниците.