Веројатно не сте знаеле дека вашето тело може да реагира кога некој ви недостасува | Можеби ќе препознаете некои од симптомите

3947

Друг вообичаен симптом на копнеж по некој, поврзан е со васкуларниот систем. Емоционалниот стрес може да го стимулира чувството дека сте во опасност и телото се подготвува за сè што е потребно за да преживее. Зголемениот адреналин може да предизвика побрз пулс и поголем притисок.

4. ПРОБЛЕМ НА ФОКУСИРАЊЕ

Се обидувате да се концентрирате на решавање задача или читање. Отсуството на партнерот може да биде виновник, што тоа воопшто не ви оди од рака. Тоа особено се случува на почетокот на врската. Во таа фаза, ние сме толку преокупирани од другата личност што таа станува главен фокус. Лишени од присуство на партнерот, уште повеќе размислуваме за него.

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕМЕ?

Постојат различни начини на кои партнерот може да ни недостасува, ментално, емоционално и физички. Психолозите советуваат, ако партнерот толку силно ви недостасува, читајте некое списание, правете го она што го сакате и за кое никогаш не сте имале време, поминувајте време со пријателите кои не сте ги виделе во последно време, гледајте ТВ емисии кои сте ги пропуштиле.

Сосема е нормално да ви недостасува вашиот партнер, колку и да се физичките знаци непријатни, можеби ви покажуваат дека се работи за голема љубов.

Ако имате симптоми на депресија или чувствувате дека физичките симптоми ја попречуваат вашата способност да водите среќен и здрав живот, консултирајте се со експерт, за да пронајдете начини како да се справите со тоа.