Вардете се од САЛМОНЕЛА | Ова мора да го знаете за да се заштитите | Видео

2282

Даски за сечење, ножеви, простор за работа во кујната.

Одделете го месото од овошјето и зеленчукот 

И во фрижидерот и кога го подготвувате. На една даска сечете само месо, и на таа даска посветете ѝ поголемо внимание при чистењето (тоа значи, измијте ја со детергент и со топла вода, и уште еднаш во машина за миење садови на највисока температура), а на друга зеленчукот. Во фрижидер месото секогаш држете го на долната полица и во широк сад за да спречите да капе крв по блиските намирници.

Добро згответе ги сите намирници 

Добро испечете го и сварете го месото, а јајцата никогаш не ги варете “меко”, туку само тврдо. Не подготвувајте храна со недоварени јајца.

Не подготвувајте храна за други ако имате дијареа или повраќање. Ризикувате да ги заразите и другите.

Ризични групи

Бидете особено внимателни при подготовка на храна за деца, бремени жени, хронично болни и постари лица, бидејќи тие се ранливи групи. Мијте ги рацете често кога подготвувате храна за нив.

Секогаш мијте ги рацете после менување пелени и собирање животински измет.

Избегнувајте полупечено месо од скара.

Одмрзнувањето и подгревањето на храната извршете го што е можно за покусо време без стоење на собна температура, советуваат од агенцијата за храна.

Заштитете ја храната од контактот со инсекти.

Продолжува на страна 3