Уште неколку факти за салмонелата кои треба да се знаат
- Не се добива само од јајца и живина– иако обично се јавува во овие прехранбени производи, салмонелата може да биде и во друго месо, овошје и зеленчук – дури и во замрзнатите готови производи.
Салмонела можете да ја добиете и од јајца кои изгледаат совршено
Често остатоците на пилешкиот измет можат да бидат извор на инфекција со салмонела. Куповните јајца се обично прилично чисти, но ако купувате или имате домашни јајца обрнете повеќе внимание на тој дел од јајцата и исчистете ги пред да ги користите.
- Можно е да се инфицирате преку директен контакт со заразени животни –пилиња, кокошки, но, исто така, и со заразени мачиња и желки.
Некои луѓе се повеќе склони кон салмонела
Иако секој може да ја добие, со поголем ризик се доенчињата и малите деца, стари лица и лица со ослабен имунолошки систем. Кај нив салмонелата може да биде причина за развој на други болести.
- На секој еден случај на салмонела која се потврдува со тестирања, постои уште 30 непотврдени случаи,пишува американскиот Центар за контрола на болеста и превенција. Повеќето луѓе кои се отруени со храна не одат на лекар и затоа нема лабораториска потврда за изворот на инфекцијата. Затоа, експертите велат дека салмонелата е почеста отколку што знаеме.
А може да биде многу опасна
Во повеќето случаи оваа болест трае 4-7 дена, а многумина оздравуваат без антибиотици. Но, во ретки случаи може да биде многу опасна.
- Салмонелата најчесто се пренесува со рацете на инфицирани лица, со меѓусебно допирање на сурова и варена храна, заразен прибор за готвење, преку работната површина во кујната или држење храна во несоодветни услови на собна температура.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.