Уживајте во сексот и во бременоста

2292

Доколку сте бремени и со вашата бременост сѐ се одвива нормално, вашиот сексуалне живот не смее да страда.

Многу жени во првото тромесечје одбегнуваат сексуални односи. Мачнината и заморот кој го чувствуваат постoјано го спречува мотивот за секс. Тие се плашат дека на бeбето можат да му наштетат.

Од друга страна, половите органи на самиот почекот на бременоста се поисполнети со крв што е добро за уживање во самиот сексуален чин. Многу жени тогаш многу полесно постигнуваат оргазам.

Оние парови, пак, кои долго се обидувале да зачнат дете, најчесто чувствуваат олеснување за време на сексот затоа што повеќе не мора да размислуваат на тоа дека жената мора да забремени. Првата фаза на бременоста дури може да биде и период на силна страст.

Редовниот сексуален живот во првото тромесечје можете да го прекинете само ако дојде до крварење.

Во текот на бременоста, промените на женското тело за мажот можат да бидат навистина еротични. Не морате да се стремите единствено кон сексуален однос, телесната блискост можете да ја остварите и со масажа, галење и нежни допири.