Учениците подобро учат и помнат во стоечка положба

138

Најновата студија спроведена во Тексас покажува дека стоечката состојба им помага на учениците при учењето и меморирањето.

Експертите проучувале група од 34 лица на возраст од 14 и 15 години, тестирајќи ги на почетокот и на крајот на истражувањето.

По 28 недели користење на високи столици регистрирано е когнитивно подобрување и поголемо поменење. Нивното сеќавање било подобро, информациите ги користеле поделотворно, посебно при решавање на матемичките проблеми.

Експертите наведуваат дека резултатите од истражувањето би можеле да бидат важни за училиштата и за педагозите за подобрување на телесното и психичкото здравје на учениците.

Но, тие наведуваат дека потребни е поголемо истражување, на поголем примерок и на подолг период. Но, досегашните заклучоци се ветувачки.