Индијките се познати по долгата, прекрасна коса, а една од нив одлучила да ја открие тајната за побрз раст на косата, како да се постигне да биде погуста, многу сјајна и мека, како и да се регенерираат влакната.
Сушмиту наречена гуру за нега на косата и една од најпопуларните ѕвезди во развој на видео блоговите во Индија.
Многу жени се восхитени со нејзината многу долга и негувана коса па одлучила да ги подели тајните на бујната коса со нив. Топ 7 трикови за побрз раст на косата и нејзината убавина:
Сок од алое вера
Оваа билка се исплати да се има дома во тегла. Нејзиниот сок го стимулира растот на косата и помага во негата на скалпот. Отсечете неколку листови. Масирајте го сокот во коренот на косата и со лесни движења за да ја подобрите циркулацијата и да осигурате подобра апсорпција. Оставете го тоа на главата барем два часа , а можете и во текот на ноќта.
Маската од Д-пантенол
Тука се работи за синтетски витамин Б 5 кој на кожата се трансформира во пантотенска киселина која ја нормализира состојбата на епидермисот(надворешниот слој на кожата). Покрај тоа, се обновува фоликулот на влакното и се спречува губитокот на косата. Измијте ја косата како секогаш. Нанесете го пантенолот во облик на пена или гел на коренот на косата. Можете да го нанесете и на целата коса бидејќи го отстранува статичкиот електрицитет. На крајот на миењето на косата главата измијте ја со студена вода и тоа нека ви премине во навика, вели Сушмита. Студената вода ги затвора порите и ја поттикнува циркулацијата што води до побрз раст на косата. Покрај тоа, косата ќе биде многу посјајна.
Јаболков оцет
Измијте ја косата со јаболков оцет. Доволно е неколку пати месечно да се измие косата со јаболков оцет. Тој ја активира фоликулата на влакното што е особено важно кај обидите косата да стане побујна. Измијте ја косата. Нанесете го јаболковиот оцет наместо регенератор. Не го плакнете!
Протеинска маска
Земете две јајца на собна температура. Одвојте ги белките од жолчките. Белките добро разматете ги и нанесете ги на коренот на косата. За дополнителен ефект замотајте ја главата со полиетилен и со топол пешкир. Маска од јајца и коњак
Јајцата се полни со белковини додека коњакот содржи танини кои помагаат косата да биде пополна и го поттикнуваат нејзиниот раст. Земете две јајца и чаша коњак. Добро изматете ги сите состојки со вилушка или измиксирајте. Нанесете ги на коренот на косата. Можете да додадете и маслиново масло ако сакате да ја нанесете маската на целата должина на косата- тоа ќе и даде мекост.
Етерични масла
Маслата од јојоба, бадем, лаванда, рузмарин имаат благотворен ефект на фоликулите на влакното бидејќи им пружаат голем број на витамини и останати корисни состојки. Помешајте ги горенаведените масла меѓусебно или додадете ги во маслиновото или кокосовото масло. Смесата нанесете ја на коренот на косата и оставете два до три часа. Измијте ја косата со класичен шампон два пати, пренесува BrightSide.