Трикови со кои ќе изгледате поинтелигентно

1541

Сакате да изгледате поинтелигентно? Применете ги следните девет трикови и речиси сигурно ќе го постигнете тоа.

Следете ги дневните новости

Никогаш не го поставувајте прашањето „Каков терористички напад?“, при услови кога тоа е главна вест и тема на разговор. Никој не очекува секој ден да ги читате сите весници, но барем информирајте се за основните новости.

За таа цел, може да се претплатите на некоја интернет-страница, или пак, со клик да означите повеќе информативни или новински Фејсбук страници како „омилени“, па така редовно да добивате „свежи“ информации.

Говорете правилно

Трудете се зборовите и речениците да ги изговарате правилно, без јазични грешки. На пример, речете – „Човекот, когошто го видов“, а не „Човекот, којшто го видов“, потоа – „петтемина“, а не „петмината“…

Бидете организирани

Организирајте ги фајловите, документите, папките… Неуредните луѓе изгледаат несериозно.

Пред средба или интервју со некого, потрудете се да се подготвите, да научите нешто повеќе за тој човек и слични подробности. Тоа ќе му поласка, а Вие во неговите очи ќе изгледате пософистицирано.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2