Топла чоколада за подобро здравје

42

Топлата чоколада е омилен напиток претежно во зима, но и во текот на целата година. Дури и самата помисла за тој вкусен, топол, ароматичен и густ пијалак го подобрува моментално расположението. А уште повкусен ќе ви стане штом ќе дознаете дека тој ќе ви го подобри здравјето.

Како што знаете, чоколадата е богата со моќни антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од срцеви болести, предвремено стареење, па дури и рак. Колку е потемна, толку повеќе антиоксиданси содржи. Затоа и кога ќе изберате топли пијалаци, пробајте ја онаа приготвена од природна чоколада.

Топлата чоколада е позната уште од XVI век како здрава пијалак, а понекогаш е консумиран и како лек. Во денешно време луѓето не го гледаат така, но пак го пијат повеќе од кога било. Еве зошто:

Го стимулира мозокот

Утврдено е дека топлата чоколада му дава сила на мозокот и може да ја подобри севкупната состојба. Чоколадата го зголемува протокот на крв и кислород во мозокот и ни помага да мислиме подобро. Исто така ја стимулира меморијата ако пиете по две чаши топла чоколада дневно. И бидете сигурни дека не претерувате со шеќерот во него.

Содржи моќни антиоксиданти

Пијалакот содржи дури повеќе антиоксиданси од зелениот чај и виното. За изненадување е што топлата чоколада содржи повеќе антиоксиданси дури и од ретче чоколада.

Го подобрува расположението

Чоколадата е популарна и поради својата способност да го подобрува расположението (неговата употреба го зголемува производството на хормонот серотонин – одговорен за доброто расположение). Вкусниот пијалак помага во битката со стресот, загриженоста и депресијата. Важно е само да не претерувате со шеќерот во него, а ако можете да го елиминиратеќе биде уште подобро.

Влијае добро на крвните садови

Флавоноидите во топлата чоколада се корисни за крвните садови. Тие го намалуваат ризикот од срцеви болести, го намалуваат крвниот притисок и ја подобруваат состојбата на крвните садови. Обидете се да ja вклучите во менито топлaта чоколада, но во умерени количини – по две чаши дневно.

Може да помогне во битката со вишокот килограми

Ако сакате да ги намалите вишокот килограми, пиењето топла чоколада може да ви помогне да ја постигнете целта. Ви изгледа неверојатно, но само пробајте! Приготвен правилно, вкусниот пијалак има ниска содржина на калории и може да биде одличена замена за калоричните пијалаци.

Еве предлог рецепт за топла чоколада:

-1 л. Млеко, 230 г темно чоколадо (70% какао), 120 г млечна чоколада и многу малку сол. Искршете ја чоколадата на ситно. Загрејте 1/3 од млекото и додадете ги во него двата вида чоколада и солта. Откако чоколадата ќе се стопи, додадете го и преостанатото млеко и мешајте го додека е топло со жица за мешање. На здравје!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.