Јатки
Јатките се богати со омега-3 масни киселини. Во нив се наоѓаат природни масла кои ја прават кожата хидриирана внатре. Јатките се богат извор на витамин Е, толку корисен за кожата. Неслучајно тој влегува во составот на голем број козметички производи против брчки.
Боровинки
Омилените боровинки се богати со витамините Ц и Е. И двата витамини се моќни антиоксиданси кои се борат со слободните радикали, штетни за кожата и кои предизвикуваат стареење и воспаленија.
Калинка
Калинката е еден од најбогатите видови овошја со антиоксиданси. Таа исто така изобилува со витамин Ц. Консумацијата на калинка го отстранува чувството на сувост на кожата, ги неутрализира слободните радикали и ја прави кожата мека и нежна на допир.
Кој е подобар начин да се хидрира кожата од преку лубеницата ?! Овој вкусен сочен плод е составен главно од вода, а антиоксидансите во неа помагаат за квалитетната апсорпција и задржување на оваа влага во епидермалните клетки.
Јајца
Јајцата се многу богати со протеини. Во нив се содржи уште и природен биотин, витамини од групата Б, како и витални аминокиселини, така потребни за убавата и млада кожа.



















