Тесла мислел дека комуницира со вонземјани, но денес знаеме што слушнал | Видео

916

И покрај неговата пионерска работа на наизменична струја, големиот пронаоѓач Никола Тесла не верувал во електрони, туку ги сметал атомите за најмалите градежни блокови на универзумот и тврдел дека доколку постојат, тие би постоеле само во совршен вакуум.

Тој всушност верувал во ставот од 19 век дека „етерот“ носи електрична енергија.

Тој исто така верувал дека забележал космички зрак кој патува 50 пати побрзо од светлината, а во 1899 година верувал дека добил радио сигнал испратен од интелигентна вонземска цивилизација.

„Дури и сега, понекогаш, можам живо да се присетам на тој настан и да ја видам мојата опрема како навистина да е пред мене. Моите први набљудувања позитивно ме исплашија бидејќи во нив имаше нешто мистериозно, да не речам натприродно, а јас бев сам во мојата лабораторија среде ноќ“, напишал Тесла.

„Игра со броеви“

Поточно, сигналот гласел: бип… бип-бип… бип-бип-бип.

„Промените што ги забележав се случуваа периодично и толку јасно покажуваа бројки и ред што тие не беа поврзани со ниту една причина позната за мене во тоа време“, напишак тој, додавајќи дека знаел за можни извори на електрични нарушувања, како што се оние предизвикани од Сонцето, но ги отфрлил како можна причина.

На сето тоа додал:

„По некое време наеднаш ми падна на ум помислата дека нарушувањата што ги забележав можеби се резултат на интелигентна контрола. Иако не можев да го разберам нивното значење, ми беше невозможно да помислам дека тие се сосема случајни. Во мене постојано расте чувството дека прв го слушнав поздравот од една планета до друга“.

Тесла се трудел дополнително да го истражи сигналот и зборувал за испраќање „четири“ одговори, играјќи долгогодишна „игра со бројки“ со наводно интелигентни вонземјани.

Денеска знаеме дека Тесла не примил сигнали од вонземјани. Во негово време, многумина претпоставувале дека сигналот доаѓа од Земјата бидејќи доаѓал со фреквенција што јоносферата не би ја пропуштила, поради што големиот пронаоѓач бил исмеан.

„Бил на право место во вистинско време“

Меѓутоа, во 2003 година, тим американски научници го рекреирале уредот на Тесла и откриле дека изворот на сигналот веројатно бил од планетарно потекло, но не од земско.

„Сосема е разумно да се идентификуваат сигналите на Теслакако детекција на интензивни емисии со долга бранова должина (VLF) кои потекнуваат од Јупитер“, заклучи тимот, додавајќи:

„Има уште значителна работа да се направи за да се убедат скептиците. Сепак, суштината е дека кога ги слушате километарските сигнали од Јупитерсо еден од ресиверите на Теславо Colorado Springs, понекогаш слушате звучен сигнал… бип-бип… бип-бип-бип.

Понатаму, надвор од Земјатасоодветно поларизираните километриски сигнали продираат во јоносферата на Земјата за време на минимумот на Сончевите дамки.

Теслабил на право место во вистинско време. Тој ја правел вистинската работа, со соодветна опрема, за да може да ги открие овие необични електрични сигнали од планетарно потекло, за што научната заедница не била подготвена“.