Тениско топче Ве спасува од болки во грбот

4130

Болките во грбот е многу чест проблем. Мускулите во горниот дел на ‘рбетот се фаќаат и предизвикуваат уште посилни болки. Ако ништо не ви помага во оваа тешка битка, има лесен начин да ја ублажите таа ужасна слабост. Потребна ви е само 1 топка за тенис!

Звучи неверојатно, но топката тенис може да ви помогне да се справите со болките во грбот и тоа само за неколку минути. Одделете секој ден по минимум 5 минути за да се сместите со топката за тенис на ѕидот и се радувајте потоа на резултатите.

Како да ја правите вежбата?

Од лесно полесно е! Вежбањето се прави во исправена положба. Го допирате грбот до ѕидот, и ќе ја ставите топката за тенис помеѓу ѕидот и грбот. Потоа започнете да тркалате нагоре-надолу, лево-десно. Внимавајќи топката да не паѓа од ѕидот и грбот – околу 5-6 минути.

Правете ја вежбата секој ден и ефектот нема да биде одложен.

Вежбањето може да се прави и легнат на земјата. Некои луѓе ја користат топката за масажа на стапалата на сличен начин. Други ги раздвижуваат колковите со помош на тениска топка повторно легнат, само со лицето кон земјата.