ТАКА НАСТАНАЛЕ МУТАЦИИТЕ ? Се сомнева дека OMICRON потекнува од лице заболено со HIV

1982

Германскиот имунолог Carsten Watzl верува дека OMICRON варијантата потекнува од пациенти заболени со HIV бидејќи нивниот имунитет не може да ги контролира мутациите на вирусот.

Изненадувачки голем број мутации откриени на протеинскиот шилец на новата варијанта на коронавирусот наречен OMICRON може да укажуваат на тоа дека потекнува од пациенти со HIV или некоја друга форма на имунодефициенција, изјави германскиот имунолог и секретар на Германското здружение на имунолози Карстен Carsten Watzl.

Тој смета дека таквата претпоставка е веродостојна и ја потврдил со слични истражувачки резултати откриени во други медицински случаи.

Импотенција на имунитетот

HIV е вирус на хумана имунодефициенција, а името го добил по кратенката на англискиот термин “Human Immunodeficiency Virus”. Предизвикува уништување на имунолошкиот (одбранбен) систем и доведува до појава на разни болести. Недостаток на имунолошкиот систем е слабост и неспособност на одбранбениот систем на телото да се бори со разни болести. Watzl додава дека кај луѓе со ослабен имунолошки систем, вирусот може да се реплицира во текот на неколку недели.

„За време на овој процес, може да се појават повторени изолирани мутации кои можеби нема да му дадат никаква предност на вирусот, но тие сепак би можеле да продолжат да се размножуваат бидејќи имунолошкиот систем не е во состојба да ги контролира“, објасни тој.

Тој додава дека таков процес може да резултира со дополнителни мутации и таквата комбинација може да му даде дополнителна предност на вирусот.

30 мутации на протеинскиот шилец

Во споредба со оригиналниот вид на коронавирусот, кој првпат се појави во Wuhan, Кина, OMICRON има невообичаено голем број – околу 30 промени на аминокиселините само на протеинскиот шилец, со промена што постоечките антитела тешко го препознваат а, следствено, и тестовите тешко го препознаваат.

Познато е дека некои од мутациите се поврзани со поголема преносливост (распространетост) и имуноевазивност, што значи избегнување на постоечкиот имунитет што го стекнал човекот, но Watzl смета дека сѐ уште не е јасно каков ефект ќе има оваа конкретна комбинација на мутации. Многу пациенти со HIV во Африка не се третираат соодветно, поради што нивниот имунолошки систем е значително ослабен.

„За да се спречи ширењето на варијантите кои мутирале како OMICRON, заразените имунокомпромитирани поединци треба да се идентификуваат и изолираат додека не се повеќе заразни. Дури и во случај вирусот силно да мутира во организмот на некој човек, научниците ги грижи и навистина за опасно го сметаат преносот на мутираниот вирус на друга личност“, додаде германскиот имунолог.