Шеесетина луѓе заробени во британски паб поради снежна бура | Се дружат со пиво, музика, филмови …

1243

„Многу е убаво и сите се расположени… навистина добра атмосфера“, изјави Townsend, која во хотелот е веќе неколку дена.

Снежното невреме предизвикано од бурата Arwen минатата недела, поточно во петокот вечерта, зароби повеќе од 60 луѓе во британски паб на хотелот Tan Hill Inn во областа Yorkshire Dalesa, инаку планински дел на Англија.

Хотелот беше покриен со околу три метри снег, а персоналот, заедно со гостите на хотелот, трета ноќ по ред се отсечени од остатокот на светот: спијат на импровизирани кревети на подот, а прават и Oasis tribute bend “Noasis”. Некои од „заробените“ од снежната бура признале дека не сакаат да си заминат, пишува BBC.

На ниту еден од луѓето кои се нашле во пабот на хотелот немало недостиг од храна или пијалок, а на екранот за проекција се прикажувале филмови, навечер се пеело, а се подотвувала и шведска маса. Сè со цел на сите им олесни оваа непријатна ситуација.

Додека десетици илјади домови во Британија останале без струја поради невремето Arwen, друштвото во пабот добро се забавувало.

„Многу ни е убаво и сите се во добро расположение… тоа е навистина добра атмосфера. Стекнавме пријатели… ние сме како големо семејство, тоа е најдобриот начин да се опише. Една дама всушност рекла дека не сака да замине“, рече Nicol Townsend (51) која се надева дека сите ќе останат во контакт дури и откако ќе бидат ослободени.

Пабот вчера организираше и традиционален ручек, по што персоналот и гостите заедно го украсија за Божиќ и се подготвија за караоке. Во меѓувреме, ископан е тунел на влезната врата на пабот, но патиштата во близина се сè уште непроодни главно поради скршените кабли за струја.

Досега, бурата Arwen однесе три животи, а ветерот кој дува со брзина од 160 км/ч остава пустош зад себе, уништувајќи згради на патот. Освен тоа, невремето предизвика прекини на патиштата и железницата. Најмалку 450.000 домови се без струја.