Тајната на повеќекратниот оргазам

1311

Сите сме слушнале за повеќекратен оргазам, но обично го прифаќаме за урбана легенда. Секс-екпертите сепак не уверуваат дека такво нешто постои. И што е уште поубаво – сите можеме да имаме таков.

Нема потреба да објаснуваме колку убаво нешто е оргазмот. Но освен задоволство, тој носи и голем број на бенефиции за здравјето – го зголемува имунитетот, го регулира спиењето, ги ублажува анксиозноста и депресијата и создава чувство на емоционална благосостојба.

Колку повеќе задоволство добивате, толку полесно телото ги ослободува хормоните на задоволството. Во прилог на сето ова, оргазмот придонесува за психичкиот и емоционална рамнотежа.

И ако еден оргазам е здрав, замислете каква е користа од два или повеќе!

Прашањето е како да го постигнете. Многу жени не си дозволуваат да достигнат краен степен на возбуда, а тоа е клучот за многуте оргазми. Следните седум чекори ќе ви помогнат да го помножите задоволство.

Проверете ги емоциите

Испитувањето на повеќекратен оргазам е прашање на физичка техника (ќе дојдеме до тоа), но првиот чекор е во мисловниот и емоционалниот став. Да си мултиоргазмена жена е најмногу начин на размислување. Само треба да поверувате дека е можно да имате повеќе од еден оргазам. Тоа значи да се релаксирате, да престанете да се контролирате и да се нурнете во длабокото.

Забавете го

Машката издржливост е клучен фактор. Обично на мажите им одзема од 3 до 7 минути да заврши, додека на повеќето жени – од 10 до 20. Оваа разлика е проблематична. Затоа се препорачува љубовна игра, фокусирана на жената. Тоа и овозможува да се возбуди пред мажот и соодветно да достигне еден или повеќе оргазми.

Продолжува на страна 2