Стремејќи се кон среќата ги правиме овие девет грешки

1667

Премногу споделувате

Кристофер МекКенделс еднаш рекол дека – среќата е вистинска само кога се споделува, но во новата, дигитална ера тоа можеби не е секогаш случај. Премногу споделување, дури и ако се работи за поставување на среќен статус на Фејсбук, може да предизвика судир во романтична врска, тврди истражувањето објавено на Универзитетот во Канзас. Границата меѓу тоа што го споделувате со вашиот партнер и тоа што го споделувате со остатокот од светот станува се понејасна, а изнесувањето на премногу детали од вашиот живот може да ги направи не толку посебни за вашата врска.

Цело време сте на Фејсбук и на смартфоните

Поврзаноста со другите луѓе може да е клуч за среќа, но ако се работи за таа преку Фејсбук тоа веројатно ви штети. Неодамнешната студија на Универзитетот во Мичиген предвидува дека големите ангажмани на социјалните мрежи ќе ја намалат целата благосостојба и позитивната состојба на духот. Истражувањето откри дека колку повеќе време учесниците поминале на Фејсбук, толку полошо се чувствувале. Корисниците кои поминале најмногу време прегледувајќи ги новостите на Фејсбук, исто така имале најниско ниво на сатисфакција во текот на студијата.

Да се биде постојано конектиран исто така може да ја намали вашата среќа. Пропуштањето на важни моменти во животот обидувајќи се да ги забележите, не ви помага. Со тоа што не се одвојувате од вашиот смартфон, можеби создавате опасен круг кој ја убива вашата сатисфакција и продуктивност.

Се обидувате да имате се

Можеби мислите дека настојувањето се да постигнете, работа, дружење, домашни обврски, училишни приредби, ќе ви донесе ултимативно чувство на исполнетост, но тоа всушност го прави токму спротивното. Всушност, обидувајќи се да имате се и тоа брзо, ги уништува вашите чувства за среќа, посебно ако сте жена. Истражувањето објавено во 2011 година покажува дека вработените жени кои се обидуваат да бидат супер мајки се изложени на поголем ризик за депресија поради огромниот притисок кои го вршат сами на себе. Тие кои имаат пореална слика за балансирање на работата и дома, биле многу посреќни. Претседателката Барнард од колеџот Дебора Спар, чиј став е дена не треба да се има се, туку тоа што е важно, најдобро тоа го сумираше на група студенти на Универзитетот Колумбија. – Не можете да имате се во животот, но можете да имате работи кои ви се важни.

Продолжува на страна 3