Кревање на тешки предмети е машка работа и треба да си остане таква. Ова е особено важно за женскиот фертилитет, станува јасно од податоците на истражувањето.
Жените кои велат дека креваат тешки предмети на работа, имаат со 8,8% помалку јајцеклетки вкупно и со 14,1% помалку зрели јајце-клетки, кога ќе се направи споредба со жените кои никогаш не се кревале тешки предмети.
Покрај тоа, работата ноќе или во смени исто така води до намалување на плодноста кај жените. Важно е дамите кои се во репродуктивна возраст да ги имаат предвид овие ризици, истакнуваат истражувачите.
Врската помеѓу кревање тежина и присуството на зрели јајце клетки е посилно изразена кај жените кои се со прекумерна тежина или дебели, како и кај оние над 37-годишна возраст.
Овие податоци не се сосема изненадувачки, бидејќи научниците веќе навеле врска помеѓу работниот распоред, факторите поврзани со работното место и биолошкиот капацитет за репродукција.
За време на новата студија која е објавена на страниците на списанието Occupational and Environmental Medicine, се анализираат речиси 500 жени кои побарале лекување на неплодност во болница во Масачусетс во САД во периодот 2004 – 2015 година.
И покрај утврдената врска, не е сосема јасно зошто преместувањето или кревањето на тешки предмети може да влијае на квалитетот на јајцата. Во однос на работата ноќе и негативното влијание врз јајцата, има теорија дека тоа се должи на нарушувањата на деноноќните ритми.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.