Стивен Хокинг | Десет кратки одговори на големи прашања

3131

Дали постои Бог?

– Не. Никој не управува со нашата Вселена.

Како започнало сѐ?

– Со Големата експлозија.

Што има во црната дупка?

– Паѓањето во црна дупка дефинитивно е лоша вест. Ако е тоа ѕвездена црна дупка, ќе се претворите во шпагети пред да дојдете до хоризонтот.

Можеме ли да ја предвидиме иднината?

– И не, и да. Всушност, законите ни овозможуваат да ја предвидиме иднината, но практично, тоа е претешко.

Дали е можен времеплов?

– Според нашите сегашни сознанија, патувањето во минатото не може да се исклучи.

Ќе преживееме ли ние на Земјата?

– Сегашниот светски поредок има иднина, но таа ќе биде многу поинаква.

Постои ли напреден живот во Вселената?

– Има облици на напреден живот горе. Мораме да бидеме внимателни во одговорот додека ние сѐ уште се развиваме.

Дали треба да ја колонизираме Вселената?

– Да. Очекувам дека наредниве стотина години ќе можеме да патуваме каде било во Сончевиот Систем.

Дали ќе бидеме надмудрени од вештачката интелигенција?

– Вештачката интелигенција ќе биде доста успешна во постигнувањето на целите, но доколку тие цели не се совпаѓаат со нашите, тогаш имаме проблем.

Како да ја обликуваме иднината?

– Запомнете, гледајте горе во ѕвездите, а не долу во своите стапала.