Сте се прејале? Еве што треба да направите

1453

Прејадувањето е нешто на што најчесто се препуштаме на празници или за време на викендите. Последица на тоа е тешко, надуено и непријатно чувство.

Просечен желудник може да прими една до две шолји храна, наведува OSF Healthcare. Но, понекогаш јадеме многу повеќе од тоа. За среќа, постојат чекори што можеме да ги преземеме за да набрзо се чувствуваме подобро.

Првото нешто на таа листа е одење на прошетка. Иако може да почувствувате силна потреба да легнете на каучот после прејадување, тоа не е добра идеја. Лежењето може да ја зголеми веројатноста од појава на пречки во варењето. Затоа, прошетката, дури и да трае пет или десет минути, е најдобриот избор. Пешачењето го стимулира варењето и може да помогне во балансирање на нивото на шеќер во крвта.

„Пешачењето помага во регулирање на организмот и варењето на храната“, вели д-р Кристен Смит.

Избегнувајте газирани пијалоци кои ќе направат уште повеќе да се чувствувате подуено.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.