Јапонските работодавци и Министерството за здравство на таа земја воведоа задолжителен половина час одмор, што ќе се користи само за спиење на работа, во раниот попладневен период.
Бидејќи Јапонците изгоруваат на работа и поминуваат неизмерен број часови на работа, се повеќе истражувања покажуваат дека тие станале помалку ефикасни поради поспаност и дека на компаниите им чинат вкупно 138 милијарди долари годишно.
Поради тоа, здружението на работодавачи донесе одлука да воведе половина час за спиење, но и просторија во која ќе можат да одмараат половина час.
Јапонската информатичка компанија „Nextbeat“ веднаш го прифати овој тренд и постави две, како што велат, „стратешки спални“ соби за своите вработени..
Собите се опремени со уреди за блокирање на бучава, кревети и софи, а мобилните телефони, таблети и лаптопи се забранети.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















