Човекот ги тренира овие животни илјадници години, а научниците сега откриле колку навистина се паметни

224

Ова не учи дека не треба да правиме претпоставки за интелигенцијата или чувството на животните врз основа на тоа дали тие се „градени“ баш како нас.

Коњите се многу попаметни отколку што се мислело, велат научниците откако студијата покажала дека животните имаат подобри резултати од очекуваното во сложена игра заснована на наградувања.

Истражувачите откриле дека кога на коњите ќе им биде оневозможено уживање поради непочитување на правилата на играта, тие можат веднаш да ја променат својата стратегија за да добијат повеќе награди.

Ова покажува дека животните имаат способност да размислуваат и да планираат однапред – нешто што претходно се сметало дека е надвор од нивните способности, велат научниците од Nottingham Trent University (NTU).

Знаењето како учат коњите може да им помогне на тренерите да ги обучуваат похумано и да ја подобрат нивната благосостојба, додаде тимот.

Carrie Ijichi, виш предавач по наука за коњи во NTU, објаснува:

Коњите не се природни генијалци, тие се сметаат за просечни, но оваа студија покажува дека тие не се просечни и всушност се когнитивно понапредни отколку што мислиме.

Со цел да разберат повеќе, истражувачите поставиле задача на 20 коњи која се состои од три фази.

Во првата фаза животните со муцката допирале парче картичка за да добијат посластица.

Во втората фаза е воведено светло и на коњите им било дозволено да јадат само доколку би ја допреле картичката додека светлото е угасено.

Тимот открил дека коњите наслепо ја допирале картичката, без разлика дали светлото е вклучено или исклучено, и биле наградени тогаш кога би го направиле тоа правилно.

Во третата фаза е воведена казна каде допирањето на картичката при запалено „стоп“ светло резултирало со тајм-аут од 10 секунди.

Но, наместо неселективно да ја допираат картичката, тимот открил дека коњите ги следеле правилата – тие само го направиле движењето во вистинско време за да го добијат својата посластица.

Истражувачите велат дека ова сугерира дека наместо да не ги разберат правилата на играта, коњите цело време ги разбирале, но нашле начин да ја играат играта во втората фаза за која не било потребно многу внимание.

Louise Evans, кандидат за докторат на NTU School of Animal, Rural and Environmental Sciences, вели:

Очекувавме дека перформансите на коњите ќе се подобрат кога воведовме тајм-аут, но бевме изненадени од тоа колку подобрувањето било моментално и значајно.

На животните обично им треба неколку повторувања на задачата за постепено да стекнуваат нови знаења, додека нашите коњи се подобрија веднаш кога воведовме цена за грешките.

Ова сугерира дека коњите цело време ги знаеле правилата на играта.

Истражувачите изјавија дека резултатите, објавени во списанието Applied Animal Behavior Science, сугерираат дека коњите имаат способност да формираат внатрешен модел на светот околу нив за да донесуваат одлуки и да прават предвидувања, техника позната како учење базирано на модели.

Претходно се сметало дека учењето базирано на модели е премногу сложено за коњите бидејќи тие имаат неразвиен префронтален кортекс, делот од мозокот поврзан со стратешкото размислување.

Ijichi рече дека ова сугерира дека „ова нè учи дека не треба да правиме претпоставки за интелигенцијата или чувството на животните врз основа на тоа дали тие се „градени“ баш како нас“.