Совети за надминување на различностите во врската

1402

Доктор Бартон Голдсмит за порталот „Психологија денес“ објаснува десет правила кои ќе ја зајакнат вашата врска со партнерот.

Тој советува да не ги комлицирате работите, туку да ја поедноставите ситуацијата.

Правило 1

Треба работа за успешна врска. Таа не се случува во вакум. Изнесете на виделина што ви се врти во главата, но и како се чувствувате. Разговарајте со партнерот.

Правило 2

Можете да се смените себе си, не и партнерот. Ако сакате некого и си мислите дека по извесен период ќе направи одредени промени во однесувањето, размислите повторно. Наместо да чекате изнесете на „маса“ што точно мислите.

Правило 3

Аргументите за расправија може доаѓаат од нашите стравови, а не од однесувањето на партнерот. Преиспитајте се.

Правило 4

Разберете дека мажот и жената не се исти. Почнете да ги почитувате различностите и научете да се разбирате меѓусебе.

Правило 5

Почитувајте се секој ден се повеќе.

Продолжува на страна 2