Слабата еротска точка на секој хороскопски знак

1157

Според астролозите, секој хороскопски знак има одредени предиспозиции и карактеристики кои го прават различен од останатите кога е сексуалниот живот во прашање.

Астрологот Џошуа Мекгири тврди дека токму поради ова едни знаци се меѓусебно компатибилни во кревет, а кај други не се развива ниту почетната хемија.

А, еве кои се слабите секси точки на секој хороскопски знак:

Овен

Овните сакаат да преземаат иницијатива. Нив лесно им станува здодевно, па затоа ќе внесат играчки, нови пози, па дури и необични места за секс. Најкомпатибилни се со Лав, Стрелец, Вага, Рак и Близнаци.

Бик

Биковите сакаат да истражуваат, а сексот го поврзуваат со храна и пијалаци. Често во нивните игри има чоколадо, јагоди, шлаг, вино… Најкомпатибилни се со Девица, Јарец, Скорпија, Риба и Рак.

Близнаци

Тие во исто време сакаат и постојаност во односот, но и динамика и промени. Ова ги прави идеални за експериментирање со улоги. Најмногу им одговараат Вага, Водолија, Стрелец, Лав и Риби.

Рак

Раковите сакаат да го задоволуваат партнерот, да го опсипуваат со внимание, но и да им биде возвратено. Најдобро се снаоѓаат со Скорпија, Риби, Јарец, Девица и Бик.

Лав

Лавовите сакаат да доминираат, склони се кон егзибиции, а не би ја исклучиле можноста да пробаат секс во тројка или пак, задоволување на јавно место. Компатибилни се со Овен, Стрелец, Водолија, Вага и Близнаци.

Девица

Чувствителните Девици би сакале да испробаат тантрички секс и можноста со партнерот да се поврзат на спиритуално ниво. Тоа би го постигнале со Бик, Рак, Риби и Скорпија.

Продолжува на страна 2