Сите овие работи секојдневно ги правите погрешно

141

Секој човек има некои навики и секојдневните обврски и задачи ги завршува според некоја рутина. Понекогаш работите ги правиме без да помислиме дали тоа е правилниот начин. Затоа, добро е да знаете кои секојдневни работи ги правите погрешно и конечно за почнете да го практикувате вистинскиот начин.

Премногу сапун за време на туширањето

Како што старееме нашата кожа се повеќе е сува, а со сапунот целата ситуација додатно ја влошуваме. Трудете се што помалку да употребувате сапун и употребувајте го само во потребните делови од телото. Водата со пена е доволна за вашето тело да биде чисто.

Работење без редовни паузи

Секој човек има свое одредено време кога највеќе е продуктивен. За тоа време се чини дека концентрацијата, инспирацијата и продуктивноста се најголеми, а тоа резултира со успешноз авршени задачи и обврски. Но, проблемот е во тоа што никој не се труди да го пронајде тоа продуктивно време. На пример, ако најголема инспирација имате помеѓу 11 и 13 часот, тогаш не правете пауза во 12. Многу е важно да ги планирате соодветно паузите за да не ја намалите продуктивноста.

Масло во водата за тестенини

Сите практикуваат да стават малку масло во водата којашто се вари за шпагети, макарони и слично. За да подготвите совршени тестенини и да спречите тие да се залепат, потребно е да употребувате правилно количество на вида. За 100 грама суви тестенини потребно е еден литар вода, за 100 грама свежи тестенини потребно е еден литар и половина.

Погрешно дишење

Многу е важно да се концентрирате и да дишете преку дијафрагмата. Соодветното и доволно внесување на кислород има позитивни ефекти за нервниот систем, помага да се одржува крвниот притисок, ги намалува болката и воспаленијата, го подобрува целокупното физичко здравје и го намалува стресот. Доколку се научите да дишете правилно, ќе можете да ги контрилирате и емоциите.

Четкање на забите само со хоризонтални движења

Ова е најверојатно најчестата грешка. Правилното четкање на забите вклучува и кратки вертикални движења, од непцата па се до долниот дел од забите. Но, тоа не значи дека хоризонталните движења не се потребни. Правилното миење на забите треба да трае 2-3 минути, но за жал поголем дел од луѓето забораваат на ова правило.

Вежбање без подготовка

Голем дел од луѓето започнуваат со вежбање без претходно да се подготват. Запомнете дека напорното вежбање со избегнување на вежби за загревање и кратки паузи може да биде штетно за телото. На крајот секогаш правете лесни вежби за опуштање и истегнување на телото.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.