1. Животот настанал на дното на океаните, во близина на хидротермални отвори

Теоријата длабокоморските отвори сугерира дека животот можеби започнал во подморничките хидротермални отвори кои испуштаат елементи клучни за живот, како што се јаглерод и водород, според списанието Nature Reviews Microbiology. Хидротермалните отвори може да се најдат во најмрачните длабочини на дното на океаните, обично на раседите на континенталните плочи, според Природонаучниот музеј. Од овие отвори шика прегреана течност (која поради притисок течна и на температури далеку повисоки од 100°C). Водата ја загрева внатрешноста на земјата и минува низ кората, а по пат се раствора собира растворени гасови и минерали, како јаглерод и водород, разни соли… Додека водата излегувала од овие подморски гејзери, таа се ладела и така минералите се наталожиле на карпите, на тој начин концентрираните соединенија обезбедувале и суровини и катализатори за критичните реакции. Дури и сега, овие отвори, богати со хемиска и топлинска енергија, одржуваат живи екосистеми, а во деновите на младата Земја имале уште една важна компонента – многу повеќе радиоактивен материјал од денешниот, што дополнително го олеснил создавањето и преуредувањето на новите хемиски соединенија.

Абиогенезата преку хидротермалните отвори сè уште се истражува како веројатна причина за животот на Земјата. Во 2019 година, научниците од University College London успешно создале протоќелии (неживи структури кои им помагаат на научниците да го разберат потеклото на животот) во слични топли, алкални услови на животната средина како оние во хидротермалните отвори.
Продолжува на страна 3


















