Силување со родителска љубов

427

Related image

Кога ќе се помират со тоа дека “од ова ништо нема да биде”, родителите продолжуваат од своето веќе поодраснато дете да прават личност. Го вадат од војска, го запишуваат на факултет кој се плаќа, ги подмитуваат професорите, ги покриваат сите тековни трошоци, купуваат стан, автомобил, му наоѓаат врска за работа. Ако родителот не е талентиран, оваа стратегија дава тешко варливи плодови – добиваме психичко осакатен, но сосема правилен граѓанин. Само што со толку често виење рани добиени од татнежот на родителската љубов, децата плаќаат поинаку – со здравје, живот, души.

Култот на детето во нашата цивилизација создаден е неодамна – пред педесет, шеесет години. Тоа е прилично вештачка појава, исто како што е Дедо Мраз кој скока од рекламното шише на Кока-Кола. Децата се најсилната алатка за забрзување на потрошувачката трка. Љубовта кон детето се става во погон веќе во првиот круг. Потоа, само треба да се уклучи мерачот …

Се разбира, ова не значи дека децата пред тоа не биле сакани. И те како. Само што семејството не било детоцентрично. Децата биле сакани, но од првите удари на свеста знаеле дека се еден мал дел од огромниот универзум наречен “моето семејство”. Дека постојат постари кои треба да се почитуваат и дека постојат помлади за кои треба да се грижат, дека постои нешто “наше” за кое треба да ни е гајле, нашата вера која ја почитуваме.

Денес пазарот сервира семеен модел изграден околу детето.

Ова е очигледно губитничка стратегија, која постои само за да изнуди пари од домаќинството. Пазарот не сака добро воспоставено семејство, затоа што во тој случај, најголемиот дел од своите потреби ќе го реши само, внатре во себе. Од гледна точка на пазарот идеален татко не е оној кој го поминува своето слободно време со детето, оди во парк, вози велосипед … Идеалниот Татко, од гледна точка на пазарот, е оној кој нема слободно време, бидејќи цело време работи за двочасовна посета на Aquapark.

Знаете што? Во овој текст, можеме да го замениме глаголот “сакам” со било кој друг: да игнорираш, да не се грижиш, да бидеш рамнодушен. Бидејќи таквата родителска љубов е всушност само една од формите на егоизмот. Незапирлива мајка, таткото на работохолик – сето тоа е ништо друго освен игра на инстинкт. Што и да зборуваме за родителската должност и самопожртвуваност, таквото татковство и мајчинство се сурова емпатија, нешто како љубовна игра, биологија.

Една убава индиска поговорка вели: “Детето е гостин во твојот дом: храни го, одгледувај го и пушти го”.

Да го нахрани – може секоја будала; да го одгледува – тоа веќе е малку потешко … Но да знаеш детето од првите минути од неговиот живот, помалку да го пушташ од себе – е тоа љубов.

Дмитриј Соколов-Митриќ

Извор: 2MyFamily.ru

Избор и превод: Весна Смиљаниќ Рангелов