1. Избегнувајте долг контакт со очите
Гледањето во очи е можеби нешто што најмногу црпи енергија. Колку повеќе го гледате соговорникот во очи, толку повеќе сте вклучени во она што го зборува.
2. Поставете временска граница
Вашето време е скапоцено, па нема потреба да седите 2 часа со личност што ја црпи вашата енергија. Поставете временска граница од 5, 10, 15 минути за оваа личност.
3. Научете да не реагирате
Ова е многу важно. Енергетските вампири се хранат од реакциите на другите, а ова ги тера да продолжат со интеракцијата. Важно е да научите да бидете неутрални во интеракцијата, односно немојте многу да покажувате позитивни или негативни емоции.
4. Научете да не се расправате или спротивставувате
Иако искушението може да биде големо, не можете да ги промените другите ако тие не го сакаат тоа. Колку повеќе отпор им давате, толку повеќе отпор ќе добивате.
5. Дружете се со други луѓе
Ако му пријдете на енергетски вампир со уште некој, ќе се намали вашиот напор и вниманието кое таа личност ќе го добие. Важно е и другата личност да не биде енергетски вампир.
6. Слушајте повеќе отколку што зборувате
Многу често енергетските вампири бараат некој кој ќе ги ислуша. Колку повеќе зборувате, толку повеќе енергија губите. Користењето зборови како зошто, кога и како ќе го охрабрат соговорникот да продолжи со зборување, а ова ќе ви помогне да ја зачувате вашата енергија.
7. Држете се до лесни и едноставни теми
Вашите разговори не мора да бидат депресивни. Преземете контрола кога тоа е потребно и променете ја темата.
8. Визуализирајте
Многу луѓе тврдат дека замислувањето на штит околу себе им помага да се заштитат и да останат смирени.
9. Избегнувајте ги кога е возможно
Иако не е секогаш возможно, ова е техника која навистина ќе ви помогне. Секогаш кога сте во можност избегнувајте ја интеракцијата со овие луѓе.
10. Прекинете го контактот
Понекогаш во корист на вашата среќа и здравје, мора да донесете некои тешки одлуки. Треба внимателно да одберете со какви луѓе ќе се опкружите. Ако продолжувате да страдате, најдобро е целосно да го прекинете контактот со овие луѓе.



















