Седум начини да го научите детето да не се плаши од пораз

1397

Родителите имаат голем број важни задачи во воспитувањето на детето, а една од нив е да ги научат децата да бидат самоуверени, храбри и среќни.

Родителите на децата треба да им помогнат да не се плашат од пораз, да ги научат да го прифатат, да им помогнат од поразот да научат нешто и од таа ситуација да излезат посилни и да пронајдат инспирација и успех.

Можеби ви звучи чудно, но секој кој на својот животен пат грешел, знае дека неуспехот е најдобар животен учител.

За почеток научете го детето да не се обесхрабрува кога во училиштето ќе даде погрешен одговор. На тој начин ќе го научи вистинскиот одговор и значењето на грешките. Покажете му како да ги сфати своите грешки и на нив да гледа како на нешто што може да води кон успех, наместои да го следи чувството на неспособност.

Доколку тоа досега не сте го правеле почнете, никогаш не е доцна.

Етикети

Немојте на детето да му ставате етикети. „Уметник“ или „математичар“ се етикети. Тоа е лесно да се направи, но не е пожелно. Појаснете му на детето дека до одредени етикети се доаѓа со голем труд и постојано вежбање.

Ценето го трудот, а не резултатот

Доколку детето не оствари најдобар резултат, немојте да притискате. Избегнувајте да го притискате да биде побрзо и се да прави совршено. Тоа се најголемите непријатели на учењето.

Продолжува на страна 2