Се породила пред четири дена, а потоа со оваа фотографија ја започнала револуцијата

539

Првите неколку дена по породувањето се најтешките моменти во животот на секоја жена, но тоа ретко кој кој сѐ уште не родил дете може да го разбере.

За жал, за ова најчесто се молчи и жените се преправаат дека се пресреќни, одморни и презадоволни со својата нова улога. Баш поради оваа причина фотографијата на оваа жена од Аризона, која со солзи во очите го држи своето новородено бебе, станала сензација на интернет и предизвикала мала револуција кај мајките.

Даниела Хејнс од Аризона се породила четири дена пред да ја направи оваа фотографија. Таа одлучила да не молчи за тоа како се чувствувала и со целиот свет да ја подели повеќе од емотивна глетка – фотографијата на која своето новородено бебе го држи на голи гради, додека на лицето ѝ се мешаат изрази на тага, среќа, исцрпеност и чист замор.

Покрај фотографијата напишала и краток текст, кој ги разнежи мајките низ целиот свет.

“Ова е фотографија од мене, четири дена по раѓањето. Бев толку ранлива и отворена, бев навистина во хаос. Го сакав моето бебе, ми недостигаше нејзиниот татко (тој ден се вратил на работа), бев лута на мајка ми, ме болеше моето срце поради брат ми, бидејќи бевме оставени од мајка ни и сега имам едно мало дете кое толку личи на него, брадавиците ми беа испукани и крвави, чекав да се насобере млеко, бебето беше гладно, бев тажна, бидејќи луѓето ги убиваат своите бебиња намерно, не сум спиела откао почнав да се пораѓам, не знаев како да ги скријам градите, вагината ме болеше од седење на неа додека доев и полека почнував да збудалувам”, пишува Даниела.

Потоа додава дека таа вечер во гости дошла една нејзина пријателка, со која долго време разговарала и со која ги споделила своите чувствува. Благодарение на поддршката на пријателката и другите мајки успеала да прејде преку овој многу предизвикувачки период – а сега ги повикува сите мајки во светот да ги споделат своите приказни.

Да не молчат за тоа како е да се биде нова мајка. Да не се срамат да признаат кога се чувствуваат изгубено и кога им треба помош. Слободно да кажат кога се на работ на нервите, бидејќи не се наспани со денови – и да престанат да се фолираат дека во нивните животи, сè е совршено. Затоа што тоа не е така.

Жените беа воодушевени кога ја виделе оваа фотографија и почнале да ги споделауваат своите искуства. До сега таа е споделена речиси 20.000 пати, а безброј мајки (и идни мајки) се охрабриле да ги кажат своите чувствува.

И така Даниела, без било каква намера, започнала вистинска мини-револуција меѓу мајките. И, знаете, мајките се најсилните луѓе во светот – ако тие започнат револуција, сѐшто може да се случи.

Само напред, мајки!