Се мачела со учењето, а сега заработува 500.000 долари годишно – има само 15!

592

Минатата година бизнисот тројно се зголемил, па од тогашните 50 клиенти денес бројот се зголемил на 190.

Ноа Минц, на возраст од 15 години заработува повеќе од повеќето од нас. Првиот впечаток за неа зборува како за просечна тинејџерка која носи протеза, а всушност таа е сопственичка на агенција за Babysitting која ја основала во август 2012 година. Минатото лето ангажирала директор која ѝ ја води агенцијата, додека таа самата посетува училиште.

Агенцијата под закуп обезбедува простор во зграда во Менхетн, Њујорк.

На Нои ѝ помогнал татко ѝ, кој води приватно акционерско друштво и кој е, исто така, регистрираниот сопственик на агенцијата. Тој ѝ позајмил капитал, но очекува враќање на инвестицијата, како и во било која друга инвестиција.

Дури ни идејата Ноа не ја измислила сама. Мајка ѝ рекла да пронајде подобра дадилка за нивното семејство, во кое освен Ноа има уште други три браќа и сестри. Кога во тоа успеала, почнала да им помага на пријателките на мајка си да пронајдат сигурни бебиситерки, пишува CNN.

“Забавно ми е да се запознавам со семејства и да барам дадилки со кои добро ќе се согласувам”, рече Ноа, која во тоа време одела во 7-мо одделение.

“Не очекував успех, но решив да се обидам”, рече Ноа, која живее на Upper West Side со своите родители и трите браќа и сестри.

Минатата година бизнисот тројно се зголемил па од тогашните 50 клиенти денес бројот се зголемил на 190. Најпрво наплаќала 100-200 американски долари.

“Не наплаќав доволно, дури и самите клиенти рекле дека би требало да наплаќа многу повеќе”, рече Ноа, затоа што сите бараат дадилки на долг рок. Денес наплатува 15 проценти од годишната плата од секоја бејбиситерка. Почетната плата во Њујорк е 50.000 долари годишно.

Ноа веќе сега заработува околу 500.000 долари годишно, но не планира да запре.

“Јас не сум одлична ученичка и дефинитивно се мачев со училиштето, но откако изградив сопствен бизнис, сфатив дека за да бидеш надарен за учење не е исто како и да имаш нос за работа. Јас ја искористив можноста работата да ми помогне да добијам повеќе самодоверба во училиштето” рече Ноа.