Разделбите тешко паѓаат, но оваа се разликува од другите

2599

Одлетав повторно. ФОКУСИРАЈ СЕ! Можам да го видам мојот човек. Толку многу го сакам. Никогаш нема да го напуштам. Тој го знае тоа. Дали заспивам? ФОКУСИРАЈ СЕ! Секогаш ќе го гледам со полно срце…

Дамата со докторски панталони рече: „Тој неверојатно многу сака да остане со тебе. Навистина се бори. Тоа е импресивно.“ Мојот човек се обидуваше да ги запре солзите и рече: „Знам. Ова куче живее за мене. Тој е најпреданата душа која некогаш сум ја сретнал…“Си ги допревме главите и ги затворивме очите. Се чувствував добро. Не можам да опишам со зборови. Повторно се погледнавме еден со друг. Мојот човек ми помогна да легнам. Човече, чувството беше дооообро.

Чувствував дека ме галат заедно со Џеј и ги слушнав како зборуваа за мене. Толку многу ме сакаат. Колку голем среќник сум бил? Потоа почувствував како да ме галат илјадници раце. Секој кој некогаш сум го познавал и сакал беше таму, ме галеше, ми ги чешаше ушите и она место под ремчето кое ме тера да мрдам со нозете. Секој треба да го проба ова. Неверојатно е!

Потоа почувствував како дамата со докторски панталони ми ја допира ногата. Дали ви кажав дека мојот човек мораше да ми ги поправи колената? Тие се од титаниум и ми служеа добро, но знаете… во последно време чувствував дека малку крцкаа.

Додека сите ме галеа, дамата со докторски панталони ми стави уште една игла во ногата, но овој пат како што течноста навлегуваше, моите нозе оздравуваа! Моите колена беа совршени! И како што таа се движеше низ моето тело, мојот рак исчезнуваше! Потоа и моите бубрези беа подобри! И конечно, моето срце беше целосно и здраво! Чувствував како да сум ја совладал болеста. Неверојатно!

Го видов мојот човек и Џеј и дамата која живее во нашата куќа, Шели. Изгледаше како да се наведнати над нешто. Отидов за да погледнам. Изгледаше како… не знам. На некој начин изгледаше како мене, но како што изгледав кога бев многу болен или истоштен. Лицето му беше заматено и не можам точно да проценам, но изгледаше како тоа кутро куче да страдало.

Можам да кажам дека на мојот човек му олесни, но беше многу, многу тажен. Толку многу го сакам. Гледав во трупот кој беше во форма на мене, а потоа погледнав во него… Мислам дека тој беше тажен поради тој труп. Скокав наоколу низ собата како кловн, но изгледаше како сите да сакаат да тагуваат и да се фокусираат на она што го галеа и бакнуваа.

Но, мојот човек дефинитивно беше тажен. Се потпрев на него, како што сум правел милион пати претходно, но не беше исто. Чувствував како неговото тело да е облак и како да минувам низ него. Па, отидов до него, седнав како послушно куче, а моето срце му шепна на неговото: „Не грижи се другар. Ти го чувам грбот.“

Никогаш нема да го напуштам. Тој го знае тоа.“

Gepostet von Benny Pointer am Dienstag, 2. Februar 2016

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.