Ги слушнав како зборуваат. Сите ми ги гледаа непцата и ми ги допираа шепите. Ја слушнав дамата со докторски панталони како вели: „Одлуката е твоја, но дефинитивно не му останува многу време. Не сакам да те притискам, но гледајќи дека му недостига боја, искрено сум изненадена што воопшто може да стои. Додолнително и неговите шепи и брадата, погледни тука…“ таа покажа кон моето лице, „Ова треба да е розово. Речиси е бело и клони кон жолто.“
Мојот човек и Џеј влегоа внатре и разговараа за нешто. Кога се вратија, го слушнав мојот човек како вели: „Се согласувам. Не сакам да чекам додека да западне во агонија.“ Потоа влеговме внатре. Да бидам искрен, се чувствував прилично лошо, иако стоев исправен и се шетав. Ми се чинеше како целата глава да ми е ладна, шепите ми беа смрзнати и задните нозе не ми работеа правилно.
Дамата со докторски панталони рече: „Ќе му го ставам ова во мускулот. Тоа е седатив. Потоа ќе се вратам тука, а вие ќе можете да го опсипете со љубов додека не заспие.“ Мојот човек ми го бакна лицето и ме погледна в очи. Се обидуваше да не заплаче. Дамата со докторски панталони ми стави инјекција со нешто во ногата. Само го погледнав мојот човек. Тој е толку неверојатен. Никогаш нема да го напуштам.
Тој и Џеј ме галеа и ги кажаа најмилите нешта – колку добро куче сум бил, колку добра работа сум направил, колку благодарни се што ме имаа во нивните животи. По кратко време, започна да ми бучи во главата. ФОКУСИРАЈ СЕ! Повторно погледнав во мојот човек. Толку многу го сакам.
Продолжува на страна 6


















