Многу нешта знаеме во гнев да им кажеме на саканите, а потоа подоцна да пожалиме поради тоа. Треба да научиме како да се контролираме и убаво да објасниме некои работи, а не да навредуваме.
Треба да имаме на ум како зборуваме со постарите, но и со децата. На постарите треба трпеливо да им објасниме некои работи, додека не разберат. Сепак, и тие нѐ учеле со многу трпеливост.
Се разбира, кога станува збор за децата, зборувањето и пристапот кон нив е многу важен. Важно е да имате нормална комуникација со нив, што има големо влијание врз нивниот развој и психа.
Ова се неколку реченици кои не треба да им ги кажете на вашите деца:
“Безвреден/на си, за никаде си”
Ова во ниеден случај не смеете да му го кажете на вашето дете. Па уште и ако се обидува да успее во нешто, но едноставно не успева, треба да му кажете дека треба да работи напорно сѐ додека не успее, и да му помогнете. Не можете да очекувате од детето само сѐ да постигне. И вие малку потрудете се.
“Me разочарa како никој до сега”
Ако вашето дете погрешило во нешто, и тешко му е заради тоа, треба да му помогнете да ја исправи грешката, а не да му повторувате дека тоа е вашето разочарување. Само кажете му дека не треба тоа да го прави, и зошто тоа што го сторило не е во ред. Со разговорот можете да ги средите работите, а со навреди упатени кон дтето нема да постигнете ништо.
“Само слабите плачат”
На сите нас нѝ доаѓа да заплачеме. Едноставно нѝ се собираат многу нешта и едноставно целата негатива мора да ја исфрлиме. Значи, кога детето е тажно, нека се исплаче. Ќе му биде полесно, а вие бидете му поддршка и помогнете му да се орасположи. Ако му велите на детето дека е слабак кога ги покажува емоциите, вие едноставно можете да поттикнете траума кај него.
“Ништо не можеш да направиш како што треба, секогаш ја расипуваш работата”
Можеби ви пречи она, што вашето дете прави погрешно, можеби едноставно понекогаш сака да постигне нешто, но, наместо тоа испаѓа спротивното. Тоа не е причината да го сметате за неспособно. На пр. да му зборувате немој ти, ќе расипеш сè, ништо не е за тебе и така натаму. Така, детето ќе се плаши од тоа да направи нешто и ќе се повлече во себе. Покажете му, објаснете му ги работите, па и повеќе пати ако треба. Посветете му се на вашето дете.
“Големите момчиња и девојчиња не се плашат”
Тоа не е вистина. Сите ние, па и возрасните се плашиме од нешто. Треба да му кажете на детето дека е во ред од нешто да се плашиме, но треба заедно да ги совладате стравовите. Така ќе биде многу, многу полесно.