Тим ирански научници утврдиле дека дневната доза на пробиотици во период од три месеци може да го подобри помнењето и процесот на размислување кај пациентите со Алцхајмерова болест.
Во истражувањето учествувале 52 лица, на возраст од 60 до 95 година, на кои претходно им е дијагностицирана Алцхајмерова болест.
На крајот, студијата утврдила дека пациентите кои секојдневно пиеле 200 милилитри млеко со четири видови на пробиотски бактерии (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus casei, Lactobacillus fermentum i Bifidobacterium bifidum) оствариле подобри резултати на тестовите за знаење и помнење отколку на почетокот на истражувањето.
Научниците претпоставуваат дека дошло до подобрување на процесот на размислување поради метаболни промени кај испитаниците кои земале пробиотици.
Имено, кај нив е воочено намалување на нивото на триглицеридите и ЛДЛ холестеролот, како и Ц-реактивниот протеин.



















