„Последната книга на планетата Земја“ | Новиот роман на Филип Петровски

101

Дали ќе преживееме на планетата Земја во блиска иднина? Ќе се уништиме ли самите себе како влог за нов живот таму горе? Дали Матка е само подземна пештера или таму се кријат светски тајни? Дали главниот лик ќе го издржи интензитетот на авантурата што постои?

Вирусот е пуштен и никого не чека…

 Љубовта за подобро утро згаснува во последните денови на планетата Земја, можеби за еден ден да воскресне уште посилна во нови вечности… Се неколку загатнети реченици кои го креираат романот…

Филип Петровски е роден 1993 г. во Куманово. Дипломиран фаготист на ФМУ во Скопје. Зад себе го има своето прво психолошко спиритуално книжевно дело „Светот во Световите“.  Новиот роман „Последната книга на планетата Земја“ е постапокалипсичен крими трилер. Книга за преживувањето, за опстанокот. Книга за човековиот избор. Книга која не упатува на човекот во човекот. Умешноста на невообичаеното изразување на авторот, ќе ве одведе до момент кога се јавува желба за спасоносно прекинување на говорот,зборувањата,а со самото тоа и хаосот кој се јавува, со пресвртот на мислите, идеите, анализите кон убивањето на говорот, зборовите при исчезнувањето на граматичкото привидно умисленото „јас“, кое и воопшто не постоело. Целиот роман ќе почне да се доживува како една визуелизација и како филм, што нема да не остави рамнодушни. Ова амбивалентно го доловува низ психоанализата на ликовите кои провејуваат низ фазата на себе спознавање преку анализа на другите. И токму кога ќе си помисли читателот конечно расплетот е тука,разврската е конечна,нема повеќе….крај,од некаде наеднаш извира нова мисла,  идеја, пренос на настани и содржини.

Романот е океан во кој се слеваат приказните за:

Чистата малограѓанска патетика; (Не)можноста да се преболи загубата на најблиските членови на семејството доживена како душевна алхемија, чисто волшепство; Потребата да преживееш и по цена да убиеш; Опасноста од користењето на мобилните телефони кои произведуваат вибрација и емисија која создава уништувачка фреквенција; Сите овие и многу други приказни раскажани во романот претставуваат целокупно ткаење наречено – ПРИКАЗНА ЗА СПАСУВАЊЕ НА СВЕТОТ. Предвидувањето за катастрофичната иднина на човештвото. Авторот Филип Петровски е човек кој успеал да го разбуди, негува и користи својот внатрешен глас. Во потрага по чистата душа тој со леснотија и вештина на искусен истражувач не води низ лавиринтите на нашата душа следејќи го нејзиниот импулс кој воедно е врска со нашето Битие. Предизвикува восхит начинот на кој Филип Петровски ја ткае приказната сместена во иднината, а втемелена на минатото и како што самиот вели: „Не знам што е фикција (привид), а што е реалност“. Таквото нешто може да му се случи и да го направи само човек кој има способност да ја почувствува и да ја живее ВИСТИНАТА којашто произлегува од духовната димензија. Да се доживее вечноста значи да се живее во таа димензијата во која владеат универзалните принципи, во која владее СИЛАТА НА ПРИНЦИПОТ односно СИЛАТА НА ЉУБОВТА. За Филип Петровски крајот не е сам по себе цел туку тоа е нов почеток. За него ПАТОТ Е ЦЕЛТАГоран Стевчевски – Џина

 Што би направил ако деновите на планетата Земја ти се одброени? Дали би продолжил да живееш или желбата за самоубиство би нараснувала со својот интензитет се повеќе и повеќе? Ова страотно прашање е самиот почеток на книгата пред дејството да почне да се преточува во авантурата низ листовите…

Романот може да го купите дирекно од авторот Филип Петровски или пак на www.mojakniga.com.mk

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk