Колку блиску ќе помине можеби најдобро кажува фактот што ќе биде видлив дури и со двогледи и мали домашни телескопи.
Астероид со пречник меѓу 40 и 90 метри, кој доколку удри во Земјата, би можел да збрише цел град, ноќта меѓу 25 и 26 март ќе помине помеѓу Земјата и Месечината.
Познат како 2023 DZ2, овој астероид е откриен пред само еден месец, а се очекува да помине на растојание од 257.803 километри од Земјата со брзина од околу 28 000 km/h.
Иако овој астероид не претставува опасност за Земјата, од NASA велат дека ретко се случува толку голем астероид да се приближи толку блиску до нашата планета.
Нема шанси да удри во Земјата, но неговата близина нуди одлична можност за набљудување, изјави Richard Moissl, шеф за планетарна одбрана во Европската вселенска агенција.
Колку блиску ќе помине можеби најдобро кажува фактот што ќе биде видлив дури и со двогледи или мали домашни телескопи. На оние чии временски услови нема да го дозволат тоа, астрономите ќе овозможат набљудување со виртуелен телескоп.
Инаку, интересно е што овој астероид повторно ќе се најде во нашето соседство во 2026 година. Иако на почетокот се чинело дека ќе има мали шанси да удри во Земјата, дополнителните пресметки покажуваат дека тоа сепак не треба да се случи.



















