По што повеќето од мајките жалат

737

Нема мајка која би се откажала од таа омилена и најтешкита улога во животот.

Но, заради неа, таа требало да се откаже од многу работи кои претходно ги правела. И ајде да бидеме искрени – сигурно секоја мајка жали по она што го имаше пред мајчинството.

Не дека некогаш би се менувала. Но сепак … Еве што мајките повторно би сакале да имаат:

Да оди во тоалет сама

Дали имате бебе? Веројатно сте заборавиле како да се биде во бања без публика. Вашиот тригодишник внимателно проучува како ги бричите нозете, четкате забите и ја пеглате косата. Можеби дури си игра со тоалетната хартија додека сте на тоалетот. Бидете трпеливи уште малку. Нема засекогаш да биде вашиот малечок приврзок.

Да го слушне своето вистинско име

“Мааааама, маааааамичкееее” и така сто пати на ден. Сите мајки биле желни нивното малечко конечно да каже “мама”. Но, кога тоа “мaaaмaaaa” го слушате сто пати на ден, било преку цимолење или плачење, или преку смеење, навистина посакувате да го слушнете своето вистинско име.

Рамен стомак

Еднаш, многу одамна сте имале завидна линија или малку помал стомак. Потсетник на минати времиња. Но, кој знае? Со многу вежбање, правилна исхрана и оваа цел би можела да ви се исполни.

Да јадете топол ручек

По којзнае кој пат чекате вашите деца да јадат. Супата чади, а главното јадење се разбира, е веќе на маса. Сепак, дури кога сите ќе се најадат редот е на вас. Барем ќе имате мир да го изедете ручекот, ако воопшто ќе можете да го изедете.

Да ја погледете својата омилена серија

Да бидеме реални. Кога имате мали деца, едноставно е тешко да се обврзете дека секоја вечер ќе ја резервирате за вашата омилена серија. Можеби некогаш сте организирале вечери според омилените култни женски ТВ серии, а сега тоа го правите според каналите посветен на децата. Наместо чаша вино и садови со закуска подготвувате млеко и гледате цртани филмови.

  • Ако сте вработена мајка, на оваа листа би додале и спонтан шопинг по работа, ноќ без возбуда, ден без планирање, викенд без готвење. Ах, списокот е прилично долг, но иако постои одредено жалење за некои само ваши моменти, да бидеме искрени – ниту една мајка не би го менувала тоа за ништо на светот.