По ерупцијата на подводен вулкан се појави остров во Тихиот Океан | Видео

1699

Островче се појави во областа на островите Тонга во Тихиот Океан по ерупцијата на подводен вулкан, објави CNN.

Малиот остров се појавил во југозападниот дел на Тихиот Океан каде има многу подводни вулкани. Еден од тие вулкани еруптира на 10 септември, исфрлајќи лава, пареа и пепел, се вели во соопштението на Земјината опсерваторија на NASA.

Само единаесет часа откако вулканот почна да еруптира, нов остров се појави над површината на водата, според NASA, која со помош на сателити го сними од новоформираниот остров.

Новородениот остров рапидно растел и неколку дена подоцна, на 14 септември, научниците од геолошкиот институт на Тонга процениле дека островот е 4.000 квадратни метри.

Но, до 20 септември островот пораснал на 24.000 квадратни метри.

Новиот остров се наоѓа на морската планина Home Reef во централниот дел на островите Тонга, југозападно од островот Lata.

Можеби не сакате да се приврзете премногу за мал остров: Островите создадени од подводни вулкани „често се краткотрајни“, вели NASA.

Но, понекогаш овие непостојани острови можат да постојат со години или дури и децении.

Вулканот Home Reef продолжува да исфрла лава, се вели во објавата на Фејсбук на Геолошкиот институт на Тонга.

Вулканската активност претставува мал ризик за воздушниот сообраќај и жителите на Vava’ua и Ha’apai, две островски групи во централна Тонга.

Во последните 24 часа не е забележана видлива пепел, објави агенцијата на крајот на неделата. На сите морнари им се препорачува да пловат на најмалку 4 километри од Home Reef до понатамошно известување.