Летото е тука, градските гужви веќе ги заменивме со плажи, а многу од нас сепак не се задоволни со линијата која ја имаат кога се во костим за капење.
Како помош да ја остварите целта и да ги стопите и најупорните масти во телото, ви предлагаме 4 пијалаци.
Состојките ќе ви го прочистат организмот, па затоа одберете го омилениот рецепт и вметнете го во секојдневната исхрана.
Лимонада со ѓумбир
Лимонада која се пие во текот на денот, кога и да посакате, а се подготвува на следниов начин:
Исцедете сок од 3 лимони. Изрендајте ѓумбир и прелијте со жешка вода.
Кога чајот ќе се олади, додадете го сокот од лимон. Без засладувачи и мед, пијте ја лимонадата со неколку коцки мраз.