Петте фази на вистинската љубов

1188

Фаза 4: Создавање на „вистинска“ и „трајна“ љубов

Нема точен одговор како да се преживее третата фаза, но ако ја преживеете, четвртата вреди за тоа. Дајмонд препорачува да ги затворите очите и само да туркате напред. Поентата е да сфатите дека партнерот не е совршен, туку човек од крв и месо, што значи дека треба да го прифатите со сите негови маани и доблести. Тоа е љубов.

Фаза 5: Моментот кога вашата љубов почнува да го менува светот

Откако сте го поминале тешкит период и сте сфатиле дека ова е личноста со која ќе продолжите понатаму во животот, заедничките слабости и добри страни почнувате да ги претворате во нешто што ве поврзува. Повеќе не сте заедно за да не бидете сами, туку бидејќи имате заедничка цел, без разлика дали се работи за семејство или за работа. Сте одлучиле да бидете рамноправни и да го остварите вашиот заеднички сон.