Пет навики кои влијаат штетно на мозокот

1932

Мозокот е многу комплициран орган, а начинот на живот што го водиме има големо влијание врз неговото здравје.

На мозокот му требаат хранливи материи и практикување здрави навики, а доколку не му го дадете тоа, доаѓа до сериозен проблем, односно може да дојде до пропаѓање на мозочните клетки.

Недоволно сон

Добриот сон е пресуден за здравјето, а особено за мозокот. Додека спиеме, мозокот заздравува, а недостигот од квалитетен сон го инхибира тој процес и го прави мозокот почувствителен на оштетувања. Според истражувањата, повеќе од една третина од луѓето спијат помалку од седум часа, и покрај тоа што за оптимално здравје потребни се 7-8 и пол часа сон дневно. Освен тоа, недостигот на сон предизвикува и пропаѓање на мозокот и мозочните клетки. Сонот ја зголемува продуктивноста, па неговиот недостиг би можел да го намали потребното време за довршување некои задачи.

Недостиг на социјална интеракција

Разговорот е неверојатно корисен за мозокот. Процесот во кој треба да се изразат мислите и чувствата е одличен тренинг за мозокот. Истражувањата потврдиле дека 10 минути разговор со друга личност дневно го подобрува помнењето и другите когнитивни функции. Исто така, утврдено е дека повисокото ниво на социјална интеракција резултира со подобро когнитивно функционирање.

Живееме во време кога интеракцијата очи в очи се’ повеќе се заменува со дигитални текстови или сурфање на интернет. Но недостигот на вистинска лична интеракција не само што му ја ограничува на мозокот можноста да вежба, туку и доведува до голема осаменост и депресија, ментални состојби што значително го нарушуваат здравјето на мозокот.

Во кората на големиот мозок се одвиваат важни мисловни процеси како што се помнење, учење јазици и перцепција. Никотинот од цигарите го забрзува намалувањето на мозочната кора и може да придонесе за развој на Алцхајмерова болест.

Престанувањето со пушење доведува до заздравување на кортексот, но тоа е бавно и често непотполно, па затоа најдобро е никогаш да не почнувате со пушење. Ако е предоцна за тоа, сепак се исплати да престанете, бидејќи секоја мозочна клетка е важна.

Продолжува на страна 2