Пет навики кои влијаат штетно на мозокот

1933

Прејадување и лоша храна

Прехранбените навики што се сметаат за добри за телото се добри и за мозокот, а премногу сол, шеќер, алкохол или лоша храна, значително го загрозуваат здравјето на мозокот.

Сол – Големата количина на сол влијае врз покачувањето на крвниот притисок, а високиот притисок го зголемува ризикот од мозочен удар и предизвикува стални трауми во мозокот, што резултира со намалена когнитивна функција.

Шеќер – Постои силна врска помеѓу консумирањето шеќер и намалената когнитивна функција. Истражувањата докажале дека шеќерот негативно влијае врз структурата и функцијата на мозокот, а го загрозува и формирањето долгорочна меморија и учење.

Алкохол – Истражувањето утврдиле дека кај луѓето што консумираат умерена количина алкохол (15-20 пијалаци неделно) постои три пати поголема веројатност дека ќе имаат оштетување во подрачјето на мозокот одговорно за помнење и просторна навигација. Добрата вест е што за разлика од никотинот, оние што престануваат со пиење можат да го вратат мозокот во нормала.

Повременото консумирање на наброените производи нема да направи трајна штета, но животниот стил што се заснова на лоши навики го загрозува целото здравје. Според невролозите, зголеменото внесување калории и лошиот избор на храна директно се поврзани со зголемен ризик од когнитивни оштетувања и Алцхајмерова болест.

Недоволна физичка активност

Редовното вежбање е добро за здравјето, а истражувањата ги докажале и предностите на вежбите за човечкиот мозок. Одењето, трчањето и тренингот со тегови го подобруваат здравјето на мозокот и дејствуваат на:

  • Подобрување на здравјето на хипокампусот – делот од мозокот поврзан со помнење и учење
  • Зголемување на невропластичноста, односно способноста на мозокот да се менува како што учиме и стекнуваме нови искуства.
    Зајакнување на крвните садови што резултира со подобар проток на крвта, а тоа
  • помага да се сопре насобирањето плак, кој е поврзан со деменција.
  • Подобрување на функциите, способноста за организирање и интерпретацијата на информациите, менување на белата материја на начин што им помага на мозочните клетки да се поврзат.
  • Почнете со 30 минути умерено вежбање што повеќе денови неделно. Ако го зголемите вежбањето на 45 до 60 минути, тоа ќе резултира со поздрави тело и мозок.