Пет минути стоење исправени за спречување дијабетес

1452

Експертите препорачуваат нов начин за превенција од дијабетес – стоење во исправена положба за кратко време во одредени периоди, пишува “Дејли експрес”, повикувајќи се на британско истражување.

Редовните станувања од бирото во канцеларијата или каучот дома и останувањето за кратко во исправена положба придонесува за намалување на нивото на шеќерот во крвта и инсулинот.

Специјалистите открија дека користа од периодичното стоење исправено е споредлива со онаа од прошетка. Оваа студија е уште еден доказ кој ги открива штетите за здравјето од прекумерното седење.

Претходните студии покажале дека стоењето исправен барем еден час дневно го намалува ризикот од дебелеење и кардиоваскуларни болести.

За целите на оваа студија стручњаците набљудувале 22 луѓе со прекумерна тежина или дебели, изложени на зголемен ризик од дијабетес тип 2 – нарушување поврзано со начинот на живот.

Истражувачите откриле дека прекинот на долги периоди на седење со пет минути во исправена положба во интервали од половина час го намалува нивото на шеќерот во крвта после појадок и ручек со 34 проценти.

За споредба – ефектот од прошетка ги намалува вредностите со 28 проценти. Концентрациите на инсулинот спаѓаат со 20 проценти по стоење исправено и со 37 проценти по прошетка.Специјалистите утврдиле дека ефектот се задржува минимум 24 часа.