Пешачела со диносауруси | Четиригодишно девојче пронајде отпечаток од праисториско стапало

1230

Четиригодишно девојче пронајде на плажата во заливот Бендрикс, во долината Гламорган во Велс, добро сочуван отпечаток од диносаурус, за кој научниците веруваат дека може да открие како оделе тие животни.

Отпечатокот што Лили Вајлдер го забележала во јануари е стар 220 милиони години и е сочуван во карпа. Иако е невозможно да се утврди кој вид диносаурус го оставил, стапалото е долго 10 сантиметри и веројатно е на диносаурус висок 75 сантиметри. Кустосот за палеонтологија на Националниот музеј на Велс, Синди Хауелс го опиша како „најдобриот примерок некогаш пронајден на оваа плажа“.

Мајката на девојчето Сали објасни дека таа и нејзиниот татко Ричард го откриле стапалото и го фотографирале, а потоа стапиле во контакт со експерти, пренесува Би-Би-Си. Диносаурусот, кој го оставил отпечатокот, се смета за „витко животно“ кое одело на нејзините две задни нозе и активно ловел други мали животни и инсекти. Познато е дека диносаурусот Коелофизис има оставено слични отпечатоци во САД.

Се смета дека примероците претходно пронајдени во заливот Бендрикс се влекачи од типот крокодили отколку на диносаурусите. Фосилот е отстранет оваа недела и однесен во Националниот музеј во Кардиф, каде што ќе се чува.

Диносаурусите првпат се појавиле пред околу 230 милиони години, а нивните стапалки може да ја расветлат раната точка на нивната еволуција, кога различните групи за првпат се диверзифицирале.

„Нивното зачувување може да им помогне на научниците да научат повеќе за реалната структура на стапалата, бидејќи е доволно јасно за да се покажат индивидуални влошки, па дури и отпечатоци од канџи“, се вели во соопштението на Националниот музеј на Велс.